Поради многу ниското ниво на резерви со крвни единици во станицата за трансфузиологија во Велес, Општинскиот Црвен крст Велес, утре од 9 до 14 часот во Ликовниот салон организира Вонредна крводарителска акција.

Пријавувањето на сите хумани велешани кои сакаат доброволно да даруваат крв и спасат нечиј живот  е на телефонот 076-368-066.

Како што информира Орце Николов, секретар на ООЦК Велес заради вонредната ситуација превземени се и вонредни мерки.

-Прво целата просторија ќе се дезинфицира, за да нема поголемо групирање на крводарителите упативме апел за пријавување и за добивање термини, така што на секои 15 минути се закажани по двајца до тројца дарители. Сите останати кои ќе бидат вклучени во акцијата ќе носат заштитна опрема, појасни Николов.

Инаку досега за учество во акцијата се пријавиле 45 граѓани, а пријавувањето сеуште трае.