The Chicks е женско трио од Велес кое пред некој ден го издаде нивниот
нов авторски сингл насловен “Travelers” што во превод значи – патници.
Музиката и аранжманот се на Александар Чекреџи, а позади текстот
стојат од The Chicks. Аудио продукцијата ја направи Александар
Риствоски Принц, а за мастерингот се погрижи Златко Симиоснки од
Дореми продукција.


Бендот требаше да свири на фестивалот Андерфест во април, но поради
вонредната ситуација „The Chicks“ се очекува да настапат на есен на овој
скопски фестивал.


Слушнете го нивниот најнов сингл: