Во неделата додека траеше најдолгиот полициски час, односно тој беше преку целиот викенд, 37-годишна жена од Велес била нападната од куче скитник.

Настанот се случил на плоштадот „Којник“ во Велес некаде околу 20:15 часот. Жената била касната во пределот на ногата а веднаш пријавила и во СВР Велес.

Од СВР Велес го потврдија овој случај.

На 12.04.2020 околу 20.15 часот во СВР Велес В.И.(37) пријавила дека на плоштадот „Којник“ била касната од куче скитник во пределот на ногата, стои во извештајот.