Ана Стојанова е девојката која како фитнес инструктор, модел и советник за здрава исхрана, се наметна на социјалните мрежи и тоа со одлична примарна идеја – да им помогне на жените и девојките да ја доведат линијата до посакуваното и да живеат здраво.

Ана речиси секојдневно постира фотографии на Инстаграм на кои ги покажува своите вежби од нејзината фитнес програма, но и нејзиниот сексапил и привлечност се магнет не само за љубителите на вежбањето и здравиот живот.

Пред неколку месеци таа имаше операција на ногата и некое време мораше да закрепнува и паузира со својот начин и стил на живот. Сега Ана е во топ форма, па така полна со самодоверба по операцијата, направи разголена фотографија на која гори од сексапил.

Долната облека во боја на кожа, дополнително ја разбранува фантазијата кај посилниот пол што придонесе да се нижат коментарите со ласкави епитети, а на неколкумина на оваа фотографија Ана им заличи на Кајли Џенер. За други пак, Кардашијанс може „вода да и носат“.

Постирајќи ги своите фотографии и видеа покрај програмата за здрав живот, Ана ги буди скриените мечти и мами воздишки со своите телесни атрибути…А понежниот пол има вистински пример за женственот на природен начин.

View this post on Instagram

Да го искористиме времево максимално! Фала ви од ❤ на довербата која ми ја давате!!😍😭 . . Ден 1, а веќе сме повеќе од 50 девојки во втората група!!! . . Во карантин сме и не знаеме до кога ќе седиме дома, моја препорака ви е програма за дома. . . Женски, програмите се отворени до 15ти Април, но доколку се пополнат сите места се плашам дека ќе морам да ве префрлам за третото отварање кое најверојатно ќе биде крај на Мај. 😔 Затоа и имам само 4 отварања во годината, сакам да ви се посветам и создадам поголем ред и резултати во групата. . . Побрзајте и резервирајте си место.Се надевам дека ќе ме разберете и вие мене.😔❤❤❤ . . Дома сме!!! Оваа можност ја имаме сега и најверојатно никогаш повеќе. Не се жали, работи на себе и пали патиките!!! . . Линк до програмите во Био. . . #тренирај #доминирај #мотивирајме

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova) on