Во време на најдолгиот полициски час од 85 часа на цела териотија на Македонија, во Велес имало тепачка.

Настанот се случил вчера, на 20 април, околу 16.30 часот и во неа учествувале Ѓ.А.(32) од Велес, О.Ш.(20) и Д.Ш.(18).

Според дневниот билтен на  Секторот за внатрешни работи Велес по претходна вербална расправија Ѓ.А.(32) од Велес бил физички нападнат од О.Ш и Д.Ш.

-Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.