Зимското засилување на Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон за кого беа платени 80 милиони евра, Бруно Фернандеш се чини започна да ги оправдува вложените средства.

Португалецот заигра на посакувано ниво, започна и да реализира пред да се случи прекинот поради Корона вирусот.

Додека е паузата, Фернандеш даде неколку изјави за медиумите, а во една од нив застана зад соиграчот Пол Погба кој е мошне критикуван.

„Можеме да кажеме со сигурност дека во фудбалот, луѓето обично забораваат што сте направиле добро и се сеќаваат кога сте направиле грешка. Може да одиграте 34 добри натпревари и еден лош натпревар и сите ќе го запомнат тој натпревар. Погба е во лош период. Кога играше, тимот не настапуваше добро бидејќи очекувањата за него беа големи. Погба е врвен играч и Манчестер Јунајтед плати многу за него“, изјави Фернандеш.