Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед договориле трансфер со Лион и Муса Дембеле за договор од 70 милиони евра (61,9 милиони фунти) а со кој францускиот напаѓач треба  да се пресели на „Олд Трафорд“ за сезоната 2020/21.

Напаѓачот е важен дел од тековниот план за обнова на клубот, бидејќи по повредите на Антонио Мартиал и Маркус Рашфорд оваа сезона, се виде дека има голем недостаток во нападот на црвените ѓаволи.

Најверојатно играчот кој дојде на позајмица од Кина, Одион Игало нема да продолжи да игра за Манчестер Јунајтед.