Автомобил се запали попладнево на улица 11 Октомври, а благодарение на брзата интервенција на територијалната противпожарна единица Велес истиот беше брзо ставен под контрола.

Според првичните информации, во пожарот нема повредени, а настаната е само материјална штета.